(ФОТО+ВИДЕО) Невреме во Москва - загинаа луѓе, повредени се деца
Најмалку 11 лица загинаа вчера, а повеќе десетици се повредени во силното невреме што ги погоди Москва и околината.

Информацијата ја објавија руските власти. Во невремето се повредени повеќе од 69 лица, пренесува Раша тудеј повикувајќи се на медицински извори. Официјалната бројка на повредени е околу 50 лица, меѓу кои има и деца.
Невремето корнело дрвја и носело сѐ пред себе, соопштија службите за вонредни ситуации. Ветерот бил со брзина од 110 км/ч, што според метеоролозите е исклучително ретко за Москва.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјањин рече дека невремето го нарушило железничкиот сообраќај и довело до одложувања на повеќе десетици летови на московските аеродроми.
Слично
