(ФОТО+ВИДЕО) НЕВРЕМЕ И ПОПЛАВИ: Предизвикани штети во Германија, Австрија и Унгарија
Невреме предизвика хаос во Германија и Австрија.
Силно невреме ги погоди јужниот и западниот дел на Германија, како и делови од Австрија. Имаше излевање на реките и потоците од коритата, како и застој во сообраќајот поради гранките на улиците и железничките пруги.
Во Баварија, во застој е железничкиот сообраќај.

Во Австија повеќе од 11.000 домаќинстава се без електрична енергија.
Реката Мосел, чиј водостој се наоѓа на еден метар под критичниот, се заканува да направи поплави во винскиот регион Мосел.
Силен ветер ја зафати Унгарија, корнеше дрвја и оштети далноводи.
Пожарникарските служби примиле повеќе од 100 повици на граѓани кои пријавиле штета.
Уништена е патната сигнализицаија на неколку места, а најтешка била ситуацијата во северниот дел на земјата и во Будимпешта.
За Будимпешта е издадено предупредување од втор степен.Невреме имаше и во Хрватска, но и во Македонија дуваше силен ветер.
