ФОТО+ВИДЕО: Насилни протести на Корзика
Четворица полицајци се повредени при судир со десетици маскирани жители на Корзика.

Немири вчера имаше во Бастија, на североисточниот дел на Корзика, кога неколку десетици млади Корзиканци излегоа на насилни протести.
Младите се забележани како фрлаат молотови коктели и други проектили кон полицијата, додека други палеа контејнери по улиците. Еден паркиран автомобил беше запален.
Министерот за внатрешни работи, Бернард Казанев ги осуди штетите и насилството.
Редот на улиците беше вратен околу 23 часот.

Младите протестираат во поддршка на нивни тројца сограѓани на кои им се суди во Париз, за наводно учество во напад на полициска станица во 2012 година.
Обвинителот побара до осум години затвор за тројцата, кои се членови на Младинското корзиканско сепаратистичко движење.
Насилни конфликти на Корзика се случуваат од 1970 тите години. Некои националисти сакаат затворено општество без странци, а други само сакаат независност на островот кој секогаш бил воден од друга држава.
Bon, là, c'est une petite... pic.twitter.com/03OGfI3qQO
— Antoine Albertini (@TonioAlbertini) October 5, 2016
