Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) НАЈКРВАВ ДЕН ВО ИРАК: Во судирите загинаа 28 луѓе

(ФОТО+ВИДЕО) НАЈКРВАВ ДЕН ВО ИРАК: Во судирите загинаа 28 луѓе

Во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Ирак има 28 жртви. 

Ова е еден од најкрвавите денови откако почнаа немирите пред речиси два месеци.

Најмалку 24 луѓе денеска загинале во градот Насирија, кога безбедносните сили употребиле муниција и солзавец за да расчистат два моста каде имало демонстранти, а тие  запалиле полициска станица. 

Четири луѓе загинале и во Багдад, на мостот Ахар кој води кон Зелената зона каде се сместени Парламентот и владините згради.

Судири се пријавени и во градот Наџаф, еден ден откако толпите го запалија Иранскиот конзулат.

Ирачката војска денеска соопшти дека во неколку провинции се формирани кризни штабови, кои треба да воспостават безбедност и ред.

Ирачаните излегоа на улиците со барање да се намали невработеноста, да се расчисти со корупција и да се подобрат јавните услуги.

Oд почетокот на октомври, се убиени најмалку 350 луѓе, а илјадници се повредени.


Слично

Поврзани вести