Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) НАДОАЃААТ РЕКИТЕ: На европска земја и се заканува потоп

(ФОТО+ВИДЕО) НАДОАЃААТ РЕКИТЕ: На европска земја и се заканува потоп

Поплавени се делови од Париз откако реката Сена се излеа, а на удар ќе бидат и други региони. 

Во Париз наврнало двојно повеќе дожд од вообичаеното. 

Француската метеоролошка служба соопшти дека 15 департмани остануваат под портокалов метео-аларм поради излевањето на реките. Сепак, метеоролозите најавуваат уште дожд во следните денови денови.

Покрај Париз, каде што се очекува нивото на реката Сена да продолжи да расте до сабота, останатите погодени региони се наоѓаат во северниот и источниот дел на земјата, а четири департмани во централна Франција се под препораки за претпазливост поради снег и мраз.

Поради поплавата пореметен е железничкиот сообраќај. 

Сена ќе го достигне нивото како во 2016 година кога мораше да се затвори и Лувр. 


Слично

Поврзани вести