Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Муслимански семејства чуваат црква во Ерусалим

ФОТО+ВИДЕО: Муслимански семејства чуваат црква во Ерусалим

Две муслимански семејства го чуваат клучот за светата христијанска црква во Ерусалим.

Тие го чуваат мирот меѓу неколку христијански цркви.  Во недела наутро Адиб Џавад Џудех Ал Хусеин седи на клупата до единствениот влез на црквата на Божјиот гроб во Ерусалим. Прагот на црквата, основана во 4 век е местото каде што 53-годишниот муслиман го поминал поголемиот дел од својот живот.

Неговиот татко, дедо и генерации нивни предци исто го посветиле животот, за да седат на оваа клупа, да ја чуваат црквата, за која се претпоставува дека го има внатре гробот на Исус. Тоа го кажува самиот Ал Хусеин. 

Тој сака да е сигурен дека црквата нема да биде срушена од неговите браќа муслимани - нешто што се случува во 1009 година. 

Портите на црквата се отвараат во 4 часот. Туристите и поклониците, кои доаѓаат тука поминуваат покрај овие муслимански верници, кои седат на клупата во поголемиот дел од денот и покрај обврските кон семејството и работата. Историчарите не можат да кажат точно од кој период  датира оваа традиција. 


Слично

Поврзани вести