Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) Москва ги опомена Украинците откако запленија руски танкер

(ФОТО+ВИДЕО) Москва ги опомена Украинците откако запленија руски танкер

Безбедносната служба на Украина информираше дека го идентификувале рускиот танкер Нејма, откако вчера влегол во пристаништето на Црното Море во Измаил, како танкерот кој е користен при блокадата во Керченскиот мореуз, кога се случил инцидентот со украинските морнари лани. 

Во тек е подготовка на обвинение врз основа на кое бродот би требало да се заплени.

Медиумите наведуваат дека украинската служба извршила претрес на бродот, комплетната документација е конфискувана, и целиот екипаж е испрашуван.

Руското Министерство за надворешни работи веднаш по веста за заплената на танкерот ја предупреди Украина дека „наскоро ќе има последици“ ако било кој член на рускиот екипаж на танкерот е „земен како заложник“, објави агенцијата РИА.


Слично

Поврзани вести