Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Момче се запали во банка во Мелбурн

ФОТО+ВИДЕО: Момче се запали во банка во Мелбурн

Момче на возраст од 21 година се самозапали во преполна филијала на Комонвелт банка во Мелбурн, Австралија. 

Повеќе од 26 лица се повредени, од кои 6 се наоѓаат во критична состојба по пожарот. 

„Едно дете истрча надвор, целото изгорено, врескаше, му висеа парчиња кожа. Крв насекаде. Дојдов токму овде, бев во шок. Претрчав до продавницата за телефони и го зедов противпожарниот апарат. Се вратив и почнав да го гасам огнот“- раскажува очевидец на настанот.


Момчето кое го предизвика пожарот со изгореници е префрлено во болница. 

Полицијата го истражува мотивот за инцидентот и дали станува збор за тероризам.



Слично

Поврзани вести