(ФОТО+ВИДЕО) ЛУКСУЗ: Ова се конфискуваните вили на италијанската мафија
Полицијата во Италија конфискувала осум луксузни вили во Рим, сопственост на италијанската мафија.

Вилите нелегално се градени од припадници на наводно мафијашки клан во Рим. Некои од вилите се изградени на заштитени подрачја, па дури и врз археолошки локалитети. Градоначалничката на Рим, Вирџинија Рeџи, вели дека вилите ќе бидат уништени до крајот на годината. Оцени дека ова е голем ден за Италија.

„Ние ја прекинуваме повеќегодишната нелегална градба и испраќаме силна порака до кланот Казамоник”, вели таа.
Казамоника со години делуваше во сенка, но тие го привлекле вниманието на јавноста со луксузниот погреб на еден од нивните блиски во 2015 година. Во полициската акција учествувале околу 600 полицајци.
Слично
