(ФОТО+ВИДЕО) ЛАВИНА ПОВТОРНО УБИВА: Има мртви и повредени во Италија
Три лица загинаа, а пет се повредени во снежна лавина во близина на Курмајор во северна Италија.

Според медиумите, 20-тина странски скијачи биле во подрачјето каде се случила лавината.
Даниел Олије, полициски службеник потврдува дека настрадале скијачи од Италија, Германија и Белгија. Повредените се однесени во болница.
Тој рече дека кога стигнала спасувачката служба било како на бојно поле и се слушале повици на различни јазици.
Спасувачи со кучиња трагаат по други луѓе кои веројатно се под снегот.
Слично
