Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Колку жртви однесе Метју во САД?

ФОТО+ВИДЕО: Колку жртви однесе Метју во САД?

Бројот на жртви од ураганот Метју во САД достигна 34 лица, соопштија американските медиуми.

Околу 4.000 лица во Северна Каролина беа евакуирани од нивните домови. Тешко погоден е град Ламбартан каде што водата доаѓа до покривите на некои куќи, многу трговски објекти се поплавени и има блокирани возачи поради поплавен дел од меѓудржавен автопат.

Останатите смртни случаи поврзани со стихијата, се во државите Џорџија, Флорида и Јужна Каролина.

Претседателот на САД, Барак Обама вчера прогласи вонредна состојба во Јужна Каролина. Оваа мерка ќе обезбеди средства од федералниот буџет на локалните власти и на некои невладини организации за помош на настраданите во 13 окрузи во државата.

САД ги прекинаа привремено депортациите на нелегални имигранти од Хаити, откако ураганот го зафати карипскиот остров минатиот месец, одземајќи го животот на најмалку 1.000 луѓе, пренесе Ројтерс. 



Слично

Поврзани вести