ФОТО+ВИДЕО: Ирачанка им ги сече главите на борците на ИСИС
Вахида Мохамед се бори против џихадистите на „Исламска држава“ со години.
Ирачката жена е страв и трепет за борците на „Исламска држава“, затоа што ги обезглавува и ги готви нивните глави.

Оваа жена водела 70-тина мажи околу Ал-Ширкат, град сместен на осумдесетина километри јужно од Мосул. Таа и нејзините луѓе се дел од „племенската полиција“ која неодамна им помогна на владините сили да ги поразат џихадистите во нејзиниот град.
Во рурален Ирак женските борци се навистина реткост.
Џихадистите се обиделе да ја убијат многу пати, поставувајќи бомби во 2006-та, 2009-та, 2010-та и три бомби во 2013-та и 2014-та година. Нејзиниот прв сопруг починал во акција, по што таа се премажила, но и вториот нејзин сопруг е убиен од џихадистите. Тие го убиле и нејзиниот татко и тројцата браќа.
„Шест пати се обидоа да ме убијат“ - вели жената, додавајќи дека има шрапнели во главата и нозете и неколку скршени ребра.
Таа себеси се опишува како домаќинка, открива дека има две ќерки од 20 и 22 години кои што „се истренирани за борба“.

