(ФОТО+ВИДЕО) ХОРОР ВО КИНА: Свлечиште поклопи луѓе
За над 140 луѓе се стравува дека се затрупани, откако денеска свлечиште го погодило нивното село во кинеската југозападна провнинција Сичуан, потврдуваат официјални лица.



Околу 40 домови во селото Ксинмо се зафатени, откако пропаднал дел од планина блокираќи дел од река од два километри.
Во тек се напори за пребарување и спасување во кои се вклучени повеќе од 500 работници. Државната радиотелевизија CCTV до пладне објави дека единствено се спасени еден брачен пар и нивното двомесечно бебе.
Властите велат дека целосната големина на свлечилиштето не е позната. Во извештај на државната новинска агенција Ксинхуа се вели дека колабирал „дел од планина“ во тибетската автономна префактура Аба.
Свлечиштата се честа опасност во руралните и планинските делови на Кина, особено во време на поројните дождови.
