Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) ХЈУСТОН ПАРАЛИЗИРАН: Вода до покривите по ураганот Харви

(ФОТО+ВИДЕО) ХЈУСТОН ПАРАЛИЗИРАН: Вода до покривите по ураганот Харви

Поплавите во Хјустон достигнаа до покривите на еднокатниците, а спасувачите со чамци, камиони и хеликоптери им помагаат на граѓаните. 

Досега се евидентирани шест смртни случаи, кои е можно да се поврзани со ураганот, откако претходно беше соопштено дека досега починале 4 лица.

Властите предупредија дека опасноста не поминала и дека заливот би можел повторно да се соочи со невреме. Од Метеоролошкиот завод во некои места во Тексас најавуваат дека би можело да се очекуваат уште 30 сантиметри дожд.


Училиштата и државната администрација во Хјустон се затворени, како и главните аердороми, повеќето важни автопати, железниците и болниците, од кои пациентите се евакуирани во текот на викендот.


Американскиот претседател, Доналд Трамп ќе допатува во погодените области од ураганот Харви.

Околу 12.000 припадници на Националната гарда се распоредени во Тексас. 

Харви, најсилниот ураган што ја зафатил САД од 2005 година, удри на американскиот брег кај Тексас, во петокот навечер, со јачина на ветер од 205 километри на час и се движеше долж брегот. 


Слично

Поврзани вести