Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Германија го слави обединувањето - Меркел дочекана со навреди

ФОТО+ВИДЕО: Германија го слави обединувањето - Меркел дочекана со навреди

Германија денеска одбележува 26 години од обединувањето, а во Дрезден, каде се одржува централната прослава, германската канцеларка Ангела Меркел е дочекана со транспаренти „Меркел мора да оди" и „Предавник на народот".

Неколку стотини демонстранти се собрале пред црквата Фроенкирхе, во која била одржана централната свеченост по повод 3. октомври - Денот на германското обединување.

Имало и ознаки на ултрадесничарското и ксенофобично движење „Pediga", кое остро се противи на политиката на Меркел за мигрантската криза, како и ултрадесничарската партија „Алтернатива за Германија".

Во градот има засилено полициско присуство откако минатата седмица се детонирани две импровизирани експлозивни направи пред локална џамија и конференциски центар. За безбедноста во Дрезден денеска се ангажирани близу 2600 полицајци. 

„За мене лично, како и за повеќето луѓе во Германија, ова сè уште е ден за радост, ден за благодарност" - изјавила Меркел. 

Празнувањата поврзани со празникот, започнаа во Дрезден уште во саботата.

Во рамките на прославите во Германија е организиран и . Ден на отворена џамија. Околу 1.000 џамии низ целата земја ги отвориле вратите за сите кои сакаат да се запознаат со животот и културата на муслиманите. Акцијата се одвива под мотото „Миграцијата како предизвик и шанса". Властите ги повикаа Германците да го искористат Денот на отворената џамија за надминување на исламофобијата. 

Слично

Поврзани вести