Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) Eве каде „удри“ Офелија и што направи

(ФОТО+ВИДЕО) Eве каде „удри“ Офелија и што направи

Бурата Офелија денеска ги зафати Шкотска и Северна Англија, при што силен ветер уриваше дрвја, далноводи и направи метеж во сообраќајот.

Британската метеоролошка служба најави обилни врнежи и ветер со брзина до 113 километри на час во Шкотска, но се очекува до крајот на денот ветерот да ослабне.

Во 13 места во Британија се очекуваат поплави. Училиштата и продавниците се затворени. 135 летови се откажани, а 360.000 луѓе се без струја. 

Во некои јужни делови на Норвешка, локалните власти алармираа утрово за мирис на чад, што според локалниот метеоролошки институт, Офелија го пренела дури од Португалија и Шпанија, каде шумските пожари  деновиве однесоа 41 жртви.

Властите во Шведска објавија дека во Стокхолм и други шведски градови, локалните жители кажале дека небото утринава било помрачно од вообичаено.


Тоа веројатно се должи на силните ветрови  кои носат мешавина од црвен сахарски песок и ситни честички од прашина од пожарите на Пиринејскиот Полустров.

Претставничката на Светската меторолошка организација, Клер Нулис, наведе дека овогодишната сезона на атлантските урагани е крајно невообичаена. 

Нулис вели дека невообичаените високи температури во многу региони на Европа исто така се должат на Офелија. Ова е прв ураган кој по 1961 година ја погодува Европа. 


Слично

Поврзани вести