(ФОТО+ВИДЕО) ЕТНА СЕ РАЗБУДИ: Земјотреси повредија триесетина луѓе
Сицилија ја тресат земјотреси.
28 луѓе се повредени во серија земјотреси во близина на вулканот Етна на Сицилија, кој почна да еруптира пред неколку дена. Сепак, лицата не се здобиле со сериозни повреди.
Најсилниот земјотрес беше со јачина од 4,8 степени по Рихтер, и најмногу штета направи во блиската општина Виагранде. Тоа е последен до десетиците земјотреси, поврзани со вулканската активност на Етна.
Локалните медиуми објавија видеа од оштетени згради во близина на градот Катанија, на истокот на Сицилија, каде живеат 300 000 луѓе. Италијанскиот вулканолошки институт објави дека настанала нова пукнатина во близина на југоисточниот кратер на Етна.
Италијанските медиуми пишуваат за паниката кај локалните жители, од кои многумина истрчале на улица.

Вулканската пепел претходно ги прекри околните села, а сите летови до и од аеродромот Катанија привремено се прекинати.
На луѓето кои живеат во планинската област им е речено брзо да избегаат. Вулканот годишно за 14 цм се поместува кон морето.
