Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Експлозија во фабрика потресе германски град - има мртви

ФОТО+ВИДЕО: Експлозија во фабрика потресе германски град - има мртви

Најмалку едно лице загина, шестмина се повредени и уште шест се водат за исчезнати по силната експлозија што се случила претпладне во комплексот во градот Лудвигсхафен, Западна Германија, објавија властите.  

Медиумите јавуваат дека експлодирал еден танкер оставен во пристанишните објекти на фабриката сместени на реката Рајна, во Лудвигхафен. 

Од компанијата велат дека не е јасно какви супстанции се емитувани во воздухот по експлозијата и не може да се оцени ризикот за населението. Оттаму соопштија дека ја истражуваат причината за несреќата и дека затвориле 14 други хемиски постројки во близина, како мерка на претпазливост.

Полицијата ги повика жителите на Лудвигсхафен и блискиот град Манхајм да останат во затворени простории, да ги затворат вратите и прозорците и да ги исклучат климатизерите. Оваа компанија вработува 122.000 луѓе. 



Слично

Поврзани вести