Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) Експлозија на плин во зграда во Словачка уби најмалку пет луѓе

(ФОТО+ВИДЕО) Експлозија на плин во зграда во Словачка уби најмалку пет луѓе

Најмалку пет луѓе загинаа во експозија на плин во зграда во Словачка. 

Инцидентот се случил во 12-катна зграда во словачкиот град Прешов, јави словачката агенција ТАСР.


Околу 85 пожарникари го гаснат огнот. Во спасувачките операции се вклучи и армијата со шест хеликоптери.


Градоначалничката на Прешов Андреа Турцанова, изјави дека има голем број повредени, во најголемата трагедија во градот во последните 5 децении. Голем е бројот и на оние кои останаа без покрив над главата. 

„Подготвени се над 130 кревети за оние кои останаа без покрив над главата, од кои дел се во локалната гимназија, а дел во објект за домување“, изјави портпаролката на Министерството за одбрана Данка Цапакова.


Девет лица се примени во болница, а на многумина им е пружена лекарска помош, вклучително и психолошка помош.  Не се знае колку луѓе имало во зградата. 

фото ЕПА/AП

Слично

Поврзани вести