ФОТО+ВИДЕО: Експлозија го стресе Дижон - повеќе од 16 ранети
Силна експлозија денеска го потресе францускиот град Дижон, при што повеќе од 16 лица се повредени, од кои две потешко.

Засега не е позната причината за експлозијата, но се претпоставува дека е гас, соопштија локалните власти. Од експлозијата делумно се урна една зграда, од која станарите се евакуирани.
Медиумите пишуваат дека под урнатините се наоѓа едно лице, кое спасувачките служби се обидуваат да го извлечат.

Се смета дека или е несреќен случај, или имало обид за самоубиство.
Градоначалникот Франсоа Ребсамaн вели дека ова нема врска со тероризам.
Слично
