Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) Eдна европска земја во колапс поради снегот

(ФОТО+ВИДЕО) Eдна европска земја во колапс поради снегот

Снегот создаде застој во копнениот и воздушниот сообраќај во Велика Британија, при што се откажани тргнувањата на некои возови и полетувањето на авиони.

Британската метеоролошка служба објави дека на сила е жолто предупредување, првенствено низ централна Англија, при што патниците се информираат дека најверојатно ќе има застој во патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај.


Во Сенибриџ, во Велс, висината на снежната покривка изнесува 28 сантиметри, додека во Хај Вајкомб, во близина на Лондон, снежните наноси имаат висина од 12 сантиметри.

Во Бирмингем, во централна Англија, има прекин во авио-сообраќајот додека повеќе од 10 железнички линии пријавиле доцнења на возовите.

Во Лондон е одложен рагби натпревар поради „неповолните услови на теренот“.

Британците се на удар на големото невреме наречено Керолајн. Брзината на ветерот достигнува до 140 километри на час, но целото подрачје е зафатено со ниски температури и снег.

Слично

Поврзани вести