Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Двокатен автобус се заби во мост во Лондон

ФОТО+ВИДЕО: Двокатен автобус се заби во мост во Лондон

Дваесет и шест лица се повредени утрово кога двокатен автобус се заби во железнички мост во Лондон, пренесе Ројтерс.

Петмина од повредените се пренесени во болница, дополнува ДПА. Инцидентот се случил во Тотнам во северниот дел на престолнината, прецизира Ројтерс.

Во спасувачката операција учествувале две противпожарни возила и петнаесет пожарникари. При ударот горниот дел на автобусот била директно отсечен од мостот. Пожарникарите морале да помогнат на три лица. 

Се води истрага за причините за несреќата. Според британските медиуми автобусот бил на фирма, која организира празнични манифестации.

По катастрофата мостот, во кој се удри автобусот, е безбеден за употреба, рекоа претставници на противпожарната служба.


Слично

Поврзани вести