Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) ДЕТАЛИ ЗА НАПАДОТ ВО ФИНСКА: Eве колку лица настрадаа

(ФОТО+ВИДЕО) ДЕТАЛИ ЗА НАПАДОТ ВО ФИНСКА: Eве колку лица настрадаа

Две лица се убиени, а повеќе од шест се ранети во нападот со нож во градот Турку, Финска. 

Полицијата објави дека го застрелала човекот кој нападнал повеќе луѓе во југозападниот град, Турку.

„Тој е приведен, откако му беше пукано во нога“ – информира полицијата.

Директорот на болницата во Турку изјавил дека се задржани повеќе од осум луѓе кои се повредени, а еден починал.

На прес конференција која се одржа подоцна, полицијата потврди информација дека има и втора смрт.


Властите ги повикаа жителите да го избегнуваат делот од градот во кој имаше напад, а зголемена е и безбедноста во Хелсинки.

Турку е на југозападен дел на Финска и лежи околу 140 километри западно од Хелсинки. 

Слично

Поврзани вести