Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) Циклон срамни со земја цел еден град

(ФОТО+ВИДЕО) Циклон срамни со земја цел еден град

Циклон уништи скоро цел град во Мозамбик и продолжи во Зимбабве.

Имаше поплави и многу силни ветрови кои оштетија патишта и куќи.

90 отсто од градот од околу 530.000 луѓе и околните региони се „оштетени или уништени“.

Во местата кои ги зафати циклонот, загинаа најмалку 162 лица, а голем број се водат за исчезнати. Циклонот Идаи доведе до „масовно и ужасно" уништување во градот Беира во Мозамбик. Оваа информација ја објавија властите и Црвениот крст.


„Степенот на штетата предизвикана од циклонот Идаи што го погоди град Беира, Мозамбик е масовен и ужасен“, стои во соопштението на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина (ИФРЦ).


Жртвите во Мозамбик се 73, од кои 55 се во Беира и 89 во Зимбабве.

Повеќе од 150 луѓе се исчезнати во Зимбабве, а за многу од нив се смета дека се владини работници затоа што тој станбен комплекс е под вода. 


Оваа држава лоцирана во југоисточна Африка е меѓу најсиромашните во светот. 

Слично

Поврзани вести