Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) ЦИКЛОН НА МАДАГАСКАР: Се бројат мртви, повредени и исчезнати

(ФОТО+ВИДЕО) ЦИКЛОН НА МАДАГАСКАР: Се бројат мртви, повредени и исчезнати

Повеќе од 78 лица загинаа при удар на циклонот „Енаво“, кој го погоди Мадагаскар минатата недела. 

Повредени се 250 лица, а 28 се водат како исчезнати. 

Штетата е огромна секаде каде што минал циклонот. Циклонот го погоди североисточниот дел на Мадагаскар, уништи патишта и ги пресече врските со регионот Анталаха, во кој живеат 230.000 жители.


„Најмалку 78 лица загинаа како последица на циклонот, вклучувајќи ги оние семејства кои загинаа како последица на свлечишта, додека 153 илјади се раселени од своите домови поради невремето“ - вели шефот на Националното биро за управување со кризи.

Ветерот се движеше со 225 км на час, или тоа е еднакво на ураган од 4 категорија.

 

Слично

Поврзани вести