Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) БУРАТА „ХЕРВАРТ“ ОДНЕСЕ ШЕСТ ЖИВОТИ: Погодени се три европски земји

(ФОТО+ВИДЕО) БУРАТА „ХЕРВАРТ“ ОДНЕСЕ ШЕСТ ЖИВОТИ: Погодени се три европски земји

Најмалку шест лица  загинаа вчера во Германија, Полска и Чешка во невремето што го предизвика бурата „Херварт“ проследена со поплави, објавија денеска локалните медиуми.

Силните поплави предизвикаа и оштетување на железничката инфраструктура на многу правци во северна и во централна Германија. Во неколку делови од земјата поради откорнатите стебла отежнато е движењето на возовите, има прекин во снабдувањето со електринчна енергија, а блокирани беа и автопати.


Во Полска и Чешка илјадници домови се без струја. 

Силен ветер и дожд вчера  ја зафатија целата територија на Србија, а во Војводина ветерот урна и еден ѕид. Многу дрвја се искршени и во главниот град на Србија. 


Слично

Поврзани вести