Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) Бурата Еленор ја „покоси“ Ирска, сега на мета е друга земја

(ФОТО+ВИДЕО) Бурата Еленор ја „покоси“ Ирска, сега на мета е друга земја

Бурата Еленор  „коси“ делови од Европа. 

Домови во Ирска се поплавени, а 27.000 објекти денеска се сѐ уште без електрична енергија, откако бурата Еленор донесе обилни дождови и ветрови до 155 километри на час, пренесе Ројтерс.

Невремето го зафати четвртиот по големина град во Ирска, Галвеј. 


Бурата Елеонор пристигна и во Франција, каде што се очекуваат ветрови со брзина поголема од 100 километри на час.

Бурата ќе ја зафати скоро половина Франција, особено северниот и северозападниот дел, каде е забранет сообраќајот за автомобили со камп-куќи и приколки, како и за големи камиони што се празни, соопшти француската метеоролошка служба.

Метереолозите прогнозираат ветрови од 90 до 120 километри на час, а ќе бидат особено силни на францускиот брег на Атлантикот. Бурата потоа ќе продолжи кон островот Корзика.

Бурата Елеонор е четврта од почетокот на декември што ја погоди Франција. Пред неа земјата ја зафатија бурите Ана, Бруно и Кармен.


Слично

Поврзани вести