Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) АВИОН ПАДНА ВРЗ КУЌИ: Има мртви и исчезнати

(ФОТО+ВИДЕО) АВИОН ПАДНА ВРЗ КУЌИ: Има мртви и исчезнати

Четири лица загинале, а уште две се повредени, кога мал авион се урнал во населбата Риверсајд, кај градот Сан Хозе во Калифорнија.

Според локалната полиција леталото од типот „Cessna 310“ се урнало набргу по полетувањето кон блискиот град Сан Хозе.

„Најдовме четири тела“- вели шефот на пожарникарите Мајкл Мур. 

Тој додава дека најмалку една од жртвите е тинејџер. 

Во авионот имало шест лица, а двајцата повредени веднаш се префрлени во болница. 

Причините за падот на авионот засега се непознати. 

Тој удрил во куќи, при што две се опожарени. Луѓето се извлечени од куќите. Подрачјето е оградено, а пожарникарите се борат со огнот. Повеќе од 10 возила на Брзата помош се на местото на настанот. 


Слично

Поврзани вести