Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) АПОКАЛИПСА: Цунами уби луѓе и ги уништи нивните домови

(ФОТО+ВИДЕО) АПОКАЛИПСА: Цунами уби луѓе и ги уништи нивните домови

Голема трагедија ја погоди Индонезија. 

Во цунами кое најверојатно е го предизвикала ерупцијата на вулкан на остров во Индонезија загинале најмалку 168 лица, а повредени се околу 750. Дополнително, 30 лица се водат како исчезнати. Стотици објекти се уништени и оштетени.

Бројката на жртви можно е да расте. Научници од индонезиската метеоролошка агенција тврдат дека цунамито е предизвикано од подморско лизгање на земјиштето поради ерупцијата на вулканот Анак Кракатау кој се наоѓа меѓу островот Јава и Суматра. Цунамито се случило 24 минути по ерупцијата на вулканот.

Меѓу погодените области е и популарната плажа Танџунг Лесунг во западна Јава, каде што во тие моменти настапувал еден од најпознатите индонезиски бендови „Севнтин“. Пејачот Риефијан Фаџарсја на Инстаграм објави дека загинале басистот и менаџерот на групата.

„Бев на плажа и се обидував да ја фотографирам ерупцијата. Таа беше доста силна, но пред да удрат брановите, немаше никаква активност. Во еден момент само видов како брановите доаѓаат и почнав да бегам. Имаше два брана и првиот беше многу силен“, изјави норвешкиот фотограф Ојстин Лунд Андерсен.

Во септември годинава имаше цунами кое однесе стотици животи. Тогаш на островот Сулавеси прво имаше земјотрес, па потоа и цунами. Системот за рано предупредување од цунами со години не работел. 

фото ЕПА / АП



Слично

Поврзани вести