Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) АМЕРИКА СЕ ТРЕСЕ: Од тропска бура загинаа 22, се очекува да прерасне во ураган

(ФОТО+ВИДЕО) АМЕРИКА СЕ ТРЕСЕ: Од тропска бура загинаа 22, се очекува да прерасне во ураган

Во тропската бура во Централна Америка загинаа најмалку 22 лица, додека илјадници се раселени поради обилните врнежи. 

Бурата корне дрвја, а патиштата се претворени во реки.

Најмногу жртви има во Никарагва, каде 11 лица загинаа, а седум се водат како исчезнати според наводите на потпретседателката на државата, Росарио Мурилјо.

Таа додаде дека околу 800 лица се евакуирани, а 600 домови се поплавени, додека 14 заедници се изолирани поради дождот кој со денови не запира.

Костарика прогласи вонредна состојба, а повеќе од 5.000 луѓе се наоѓаат во засолниште. Издадено е предупредување за можни заталкани крокодили.

Некои платформи за вадење нафта и гас во Мексиканскиот Залив исто така биле евакуирани поради бурата.


Додека Нејт пристигне до Мексиканскиот Залив, се очекува да прерасне во ураган.

Властите на Костарика соопштија дека осум лица загинале во свлечиште и од паѓање на дрвја, меѓу кои и тригодишно девојче.

Најмалку 17 лица се водат како исчезнати.

Слично

Поврзани вести