Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО)ПАРИЗ, ЛОНДОН, ЦИРИХ: Падна системот на аеродромите, патниците чекаат со часови

(ФОТО)ПАРИЗ, ЛОНДОН, ЦИРИХ: Падна системот на аеродромите, патниците чекаат со часови

Повеќе големи аеродроми во светот се во хаос, а илјадници патници со часови чекаат  откако откажаа компјутерските системи за пријавување. 

Проблеми има на аеродромите Гетвик во Лондон, Шарл де Гол во Париз, Роналд Реган во Вашингтон, како и на аеродромите во Франкфурт, Сингапур, Јоханесбург и во Цирих.

Проблемот настанал во софтверскиот систем Амадеус Алтеа, што го користат голем број авиопревозници.

Не се знае која е причината за хаосот,  но медиумите не ја исклучуваат можноста од хакерски напад на софтверскиот систем.

Компанијата која го изработува софтверот во соопштението истакнува дека „забрзано работат на решавање на оваа непријатност и техничарите ги отстрануваат проблемите еден по еден“.

Твитер се „запали“ од коментарите на незадоволните патници. Некои од луѓето пишуваат дека пропуштиле и по два лета, а тоа нема да помине без тужба. 


Се очекува набрзо да се реши проблемот. 

Слично

Поврзани вести