(ФОТО)Најмалку 10 загинати поради поројните дождови во Рио де Женеиро
Најмалку 10 загинати лица во Рио де Женеиро поради обилните врнежи од дожд и големиот број на свлечишта поради поројните дождови кои го зафатија Рио, соопштија бразилските власти, а пренесува Алџезира.



Првите информации беа за само тројца загинати, но подоцна спасувачките екипи пронашле уште починати.


Улиците во градот од поплавите се претвориле во реки, силината на водата носела автомобили, откорнувала дрвја. Училиштата се затворени, граѓаните се советуваат да излегуваат само во навистина хитни случаеви, а градоначалникот Марсело Кривела објави елементарна непогода.
154 милиметри дожд наврнал за само 4 часа во текот на ноќта во понеделникот, што претставува повеќе од половината врнежи од цел месец април.Фото Алџезира
Слично
