ФОТОГРАФИЈАТА СТАНА ВИРАЛНА: Сиромашен Азербејџанец со својот стар автомобил однесе помош во Турција
Сиромашен Азербејџанец го наполнил своето старо возило со работи што би ѝ биле од помош на Турција.
Сопственикот на возилото, Сервер Беширли, неговиот брат Имамверди Беширли и Аскер Мамедов дадоа изјава за ТВ „Иктимаи“.
„И ние ја доживеавме оваа катастрофа, зимава бевме без покрив над главата. Без облека и обувки. Го знаеме тоа чувство“, изјави Сервер.
— Bülent Arslan (@dalamper79) February 9, 2023
Неговиот брат вели дека многу Азербејџанци решиле да испратат помош.
„Бевме сведоци и кога дојде една девојка, го соблече капутот, го даде и си замина. Се надеваме дека во наредните денови ќе можеме да однесеме и храна“, рече Имамверди.
Фотографијата со стариот натоварен автомобил стана вирала. Над 70 држави понудија помош на Турција. Во Турција и Сирија скоро 20.000 луѓе загинаа по силниот земјотрес од 7.8 степени.
Слично
