Фотографија предизвика бура: Стив Џобс е жив во Рио?
Заради фотографијата која еден Бразилец ја објави на социјалната мрежа Реддит, на интернет започна да кружи приказна дека некогашниот прв човек на Apple Стив Џобс, кој почина пред неколку години, всушност е жив.
Бразилецот објавил „селфи“ фотографија, на која во позадина се гледа маж во инвалидска количка, кој многу наликува на Џобс. Под сликата напишал: „Стив Џобс е во Рио де Жанеиро, жив“.
Фотографијата покренала вистинска лавина од коментари, од кои повеќето се шеговити. Погледнете дали човекот на сликата навистина личи на „мозокот“ на технолошкиот гигант Apple.
Слично
