ФОТОГРАФИЈА ОД ПРАГА ГИ ЗОВРЕ СТРАСТИТЕ: Нивните народи војуваат, а тие се дружат во опуштена атмосфера
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговарал со ерменскиот премиер Никола Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев пред самитот во Прага.
Оваа фоторафија поттикна револт на социјалните мрежи.
„Во ред е дипломатија, но смешкање со луѓе кои се обвинети за воени злосторства против твојот народ е нешто друго“, е само еден од коментарите.
Многумина искоментирале дека не ни можат да ја гледаат фотографијата. Дури имало апели да се избере нов шеф на државата.
Ерменија и Азербејџан во минатото војувале, а и ден денес имаат судири го спорат регионот Нагорно - Карабак. Турција е поддржувач на Азербејџан, а во минатото Турците извршиле геноцид над Ерменците. Турските власти не сакаат да ја коментираат оваа тема.
