ФОТОГРАФИЈА КОЈА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Во авионот во Кабул имало не 640, туку 823 патници
Се појавија точни бројки за бројот на луѓе кои се качиле во авионот во главниот град на Авганистан, Кабул, сцена која го шокираше светот.
Во авионот по кој се влечеа граѓани на Авганистан со цел да се спасат, имало многу повеќе патници од првично објавеното. Моментот е овековечен со фотографија на стотици збиени Авганистанци во внатрешноста на авионот.
Пентагон вчера објави дека транспортниот авион Ц-17, кој меѓу првите го напушти хаотичниот аеродром во Кабул минатата недела, имал рекордни 823 патници.
Според првата процена се сметаше дека во авионот имало 640 луѓе, но тогаш не биле земени предвид децата. Не се знае колку луѓе биле дел од екипажот. Пентагон не објави таква информација. Кабул е под контрола на Талибанците од неделата.
Мајките во Авганистан си ги фрлаат децата преку бодликава ограда.
