Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТОГРАФИЈА КОЈА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Лекар гушка повозрасен заразен пациент кој плаче

ФОТОГРАФИЈА КОЈА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Лекар гушка повозрасен заразен пациент кој плаче

Фотографија на која лекар со гушкање смирува расплакан повозрасен пациент заразен со коронавирусот го обиколи светот. 

Станува збор за Џозеф Варон кој работи како лекар и згрижува пациенти заболени од коронавирус во болница во Тексас. Работел 252 дена без престан кога во единицата за интензивна нега здогледал расплакан постар човек. 

Прегратката на Варон за утежа на пациентот на Денот на благодарноста била фотографирана за „Getty Images" и веднаш потоа фотографијата станала вирална ширум светот. 

Варон за „CNN" изјавил дека на влезот во единицата за интензива нега видел расплакан постар пациент кој се обидувал да стане од својот кревет и да излезе од собата. Лекарот го прегрнал и со прегратката успеал да го смири пациентот.

Човекот од фотографијата се чувствува подобро и додал дека се надева дека ќе излезе од болница пред крајот на неделата.

Во светот досега се регистрирани скоро 64 милиони случаи на коронавирус. 

Слично

Поврзани вести