Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ПАРИЗ БЛОКИРАН: 7.000 полицајци низ градот, притисокот продолжува

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ПАРИЗ БЛОКИРАН: 7.000 полицајци низ градот, притисокот продолжува

Париската полиција ја запре првата колона возила што се обиде да влезе во градот

Илјадници противници на епидемиолошките мерки пристигнаа во конвои од цела Франција и утрово логоруваа во предградијата на Париз, со намера да влезат во градот пркосејќи им на забраните на властите кои се решени да спречат каква било блокада на главниот град.

Околу 50 возила се запрени на два влеза во градот, каде што полицијата распореди 7.200 полицајци и жандарми со цел „да ја спроведе забраната за преминување колони возила“.

Се проценува дека пред градот има околу 3300 возила.


Полицијата подготви пајаци и водени топови

Префектот на полицијата Дидие Лалемен рече дека отвориле привремен паркинг за возила, каде што десетици пајаци ќе ги отстрануваат возилата и на тој начин ќе ја „пробијат секоја блокада“.

Полицијата за запирање на демонстрантите инспирирана од протестите на камионџиите во Канада, ја активираше механизацијата за отстранување на барикадите, како и возила опремени со кранови или водени топови.


Оклопни возила на жандармеријата исто така се распоредени на улиците на главниот град за прв пат по протестот на Жолтите елеци кон крајот на 2018 година.

Премиерот Жан Катекс вети дека ќе истрае во спречувањето на блокадата на градот.

„Ако го блокираат сообраќајот или ако се обидат да го блокираат главниот град, ние мора да бидеме многу цврсти во тој поглед“, изјави тој за ТВ Франс 2.


Фото: EPA /CHRISTOPHE PETIT TESSON

Слично

Поврзани вести