(ФОТО18+) СОМАЛИЈА-ПУКАЊЕ НА ПЛАЖА: Исламистите убија најмалку 20 лица!
Најмалку 20 лица, меѓу кои и жени и деца, се убиени во напад на припадници на исламистичката група Ел Шабаб на популарниот ресторан покрај морето во Магадишу, главниот град на Сомалија, соопштија светските медиуми.
Полицијата нешто пред зори успеала да ја „преземе контролата над ресторанот“ рекол полицискиот капетан Мохамед Хусеин.
Додека сомалиските специјални сили ги пребарувале просториите на ресторнаот се слушнале експлозии и пукање.
Хусен навел дека безбедносните сили спасиле многу заробеници во холот на ресторанот, каде синоќа, во моментот на нападот имало прослава.
Сведоци истакнуваат дека напаѓачите извикувале „Алах Акбар“ (Бог е голем) и дека потоа влетале во ресторанот.
-Пукаа во луѓето кои седеа близу до плажата пред да влезат во ресторан-рекол очевидецот Ахмуд Нур, кој тогаш се шетал.
Исламистичката екстремистичка група Шабаб ја презеде одговорноста за нападот.
Агенциите пренесуваат дека имало пет напаѓачи и дека пред влегувањето во ресторанот активирале бомба.
Четворица напаѓачи се убиени, а петтиот е уапсен.
Нападот се одиграл во населбата Лидо, во преполн ресторан.




