(ФОТО) Знамиња на пола копје – Болка и солзи во очите на Европа
Во Германија и Европа денес знамињата се спуштени на пола копје во знак на жалост поради авионската несреќа во Франција во која загинаа 150 лица.
Во местото Халтерн откаде 16 гимназијалци загинаа вчера во падот на авионот на „Џерманвингс“ владее тага, а основното прашање кое го поставуваат медимите е зошто дошло до авионската несреќа во која никој од 150 патници и членови на екипажот не преживеал.
Причините на несреќата би можеле да бидат познати дури кога се анализира „црната кутија“, се испитаат остатоците од авионот и се дешифрираат гласовите од кабината, наведуваат германските медиуми и ги пренесуваат изводите од разговорите на пилотот на интернет, дека до несреќата можеби довело до губење на притисок во кабината, поради што екипажот изгубил свест.
Освен тоа, оваа несреќа потсетува и на еден настан од ноември минатата година на летот Билбао-Минхен, кој речиси катастрофално ќе завршил.
Тогаш, имено, на авионот A321 дошло до смрзнување на сензорите кои, потоа, емитувале погрешни податоци за авионот, па компјутерот на автоматскиот пилот „мислејќи“ дека авионот е превисоко во лет, покренал стрмно спуштање.
Само благодарение на долгогодишното искуство на пилотот е спречена катастрофа, бидејќи тој, едноставно, го исклучил компјутерот и така повторно ја превзел контролата над авионот, пишуваат медиумите.
Во шпекулациите се поставува и прашањето за сигурноста на авионот, којм како што е кажано од водството на „Џерманвингс“ рутински е прегледан ден пред летот, а во летото 2013 година „во согласност со правилата“ ја помианл и регуларната контрола.
„Џерманвингс“ откажал повеќе летови, бидејќи некои членови на екипажот не дошле на работа, велат од „Луфтханза“.
Со тоа, всушност е потврден еден извештај на „Шпигел онлајн“ дека е можно повеќе пилоти на „Луфтханза и нејзините керќи - фирми на „Џерманвингс“ од безбедносни причини избегнале да летаат.
Медиумите го поставуваат прашањето за штедењето и безбедноста на летот, но тука одговорот на експертите секогаш е ист - дека на безбедност и сигурност не се штеди.
Експерт за прашањето на летот Хајнрих Гросбонгарт укажал на тоа дека за причините ништо не се змае и нагласил дека тоа што „Џерманвингс“ е ефтина компанија не значи во конкретната ситуација, бидјеќи е „ефтино, ни во кој случај не значи несигурно“.
Тој, како необичен го оценил фактот дка до падот на еден авион како што е A 320, дошло при убаво време и во една од најбезбедните фази на летот.
На аеродромот во Дизелдорф и во Келн, каде е седиштето на компанијата, бројни граѓани и минувачи положуваат цвеќе и палат свеќи.
Германската какцеларка Ангела Меркел, шефот на покраинската влада на Сверна Рајна Вестфалија, откаде се 16 гимназијалци, Ханоелоре Краф, шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер и други личности денес ќе отидат на местото на трагедијата во јужна Франција.
За членовите на семејставата на загинатите, далеку од очите на камерите, се грижат специјалните штабови со психолози, а и црквите ги отвориле своите врати за оние на кои им е потребна помош.



















