(ФОТО) Жртви на крвавиот напад: Тие се убиени во нападот на терористите во Париз!
Четири од 12 жртви на нападот на редакцијата на сатиричниот весник „Чарли Ебдо“ се карикатуристите на тој весник, соопштило француското обвинителство.
Карикатуристите Шара, Кабу, Волинск и Тинју, ги идентификувале преживеаните на местото на несреќата непосредно после нападот, е прецизирано.
Обвинителството наведува дека уште седум лица се повредени во нападот, и дека четворица од нив се во тешка состојба. Двајца напаѓачи со капи и во црна облека, тешко вооружани, упаднале околу пладне во седиштето на тој весник, и го извеле нападот, незапаметен во последните 40 години во Франција.
Напаѓачите извикувале „Алах Акбар“ и „Ќе го одмаздиме пророкот“ пукајќи по канцелариите на Чарли Ебдо, а од тоа емсто избегале со црно возило. Во Париз е подигнатп ниво на вознемиреност, а низ улиците на градот се бројни полициски блокади и контроли.
[button color="red" size="big" link="http://faktor.mk/2015/01/07/voznemiruvachko-video-kako-teroristite-dojdoa-gi-ubija-novinarite-i-izbegaa/" target="blank" ](ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Како терористите дојдоа, ги убија новинарите и избегаа?![/button]
