Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ЗЕМЈОТРЕС ВО КИНА: Загинаа луѓе, а цели села исчезнаа

(ФОТО) ЗЕМЈОТРЕС ВО КИНА: Загинаа луѓе, а цели села исчезнаа

Земјотрес ја погоди Кина и однесе човечки животи. 

Повеќе од 8 лица загинаа, а 23 се повредени при земјотрес од 5,5 степени по Рихтер. Предизвикана е и материјална штета на неколку објекти.

Потресот се случил на длабочина од 8 километри во Синцуан-Ујгурскиот автономен регион во северозападниот дел на земјата.

Тимови од стотици спасувачи се собираат во погодениот регион. 

Многу згради се испукани и луѓето се плашат да се вратат во нив.

Урнати се 1500 куќи, а има и села кои се целосно уништени. 

Над 9000 луѓе се евакуирани од своите домови. 

Во февруари 2003 година во земјата имаше силен земјотрес од 6.8 степени, при што загинаа 268 луѓе и имаше големи штети. 


Слично

Поврзани вести