(ФОТО) Зеленски објави потресни фотографии од Бахмут
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека во градот Бахмут нема место кое не е облеано со крв.
Тој на Телеграм објави фотографии од Бахмут, за кои вели дека е уништен од руската армија. Зеленски кажа дека Бахмут, Кремина и други области во Донбас бараат многу концентрација и дека ситуацијата е тешка.
„Минатата година таму живееле 70.000 луѓе. Сега таму останаа само неколку цивили. Нема место кое не е облеано во крв. Нема час кога не се слуша страшниот татнеж на артилерија. Сепак, Бахмут стои. Нашите одбранбени сили стојат. Украински Донбас стои“, вели Зеленски.
Руската армија може да изгуби контрола во уште еден клучен град во областа Луганск. Според украинската страна, ако Русите ја загубат Кремина, целата линија на одбрана ќе падне.


Слично
