Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Завршени двете драми во Франција

(ФОТО) Завршени двете драми во Франција
Специјалните единици на француската полиција за само десет минути спровеле две акции за спасување на заложниците на двете кризни локации во Франција. Браќата Куаши, како што информираат полициските служби, се ликвидирани. Осомничениот за вчерашното убиство на полицискиот службеник кој во една продавница држеше неколкумина заложници, исто така, е убиен. Се уште не е позната судбината на неговите соучесници. policija.1 Според последните информации, акциите се оценети како „успешни“, но се уште се непознати деталите ниту вкупниот број жртви и ранети. Акцијата прво била спроведена во магацинот во кој се криеја двајцата браќа Куаши, а десет минути подоцна специјалните единици упаднале во продавницата во Париз каде осомничениот за убиство на полицискиот службеник држеше повеќе заложници, а најмалку двајца од нив тој ги уби. Акцијата во магацинот на печатницата во местото Дамартен де Гоел отпочнала во 17 часот по повеќечасовна опсада на локацијата, кога се слушнал еден истрел од огнострелно оружје. Members of the French gendarmerie intervention forces arrive at the scene of a hostage taking at an industrial zone in Dammartin-en-Goele, northeast of Paris Околу 17 часот и 30 минути било потврдено дека напаѓачите на редакцијата на магазинот „Шарли Ебдо“, браќата Куаши, се убиени, како и дека 26 годишен заложник е ослободен без притоа да биде повреден. Браќата Куаши наводно порачале пред почетокот на опсадата дека „сакаат да умрат како маченици“. Само десетина минути подоцна почнала и акцијата во Париз, каде од рано утринава траеше заложничката криза. Втората акција траела подолг временски период и се слушнале поголем број истрели и детонации, а грабнувачот, осомничен за вчерашното убиство на полицаец, бил убиен. Според првичните информации, има и поголем број ранети лица, меѓу кои и полицајци, а не е познат ниту статусот на соучесничката и девојка на грабнувачот. France Market Attack  
Слично

Поврзани вести