ФОТО: Застрелаа маж во фризерски салон во Германија
Maж загина, а жена e ранета тешко при пукање денеска во фризерски салон во градот Дирен, во западниот дел на Германија, пренесоа американските медиуми.

ДПА соопшти дека на местото биле испратени специјални сили на полицијата набргу откако имало информации за истрели.
По пристигнувањето полициските службеници пронашле двајца тешко повредени во салонот.
Мажот починал набргу потоа, а жената е задржана за лекување.
Засега не е јасно кој пукал и каков бил мотивот за пукањето.
Стариот дел на градот е блокиран.

Слично
