Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Запознајте го наследникот на Путин

(ФОТО) Запознајте го наследникот на Путин

Заменик министерот за одбрана, во Русија има имиџ на херој на војската и е единствен кој ја поседува харизма која што може да се мери со онаа на Путин.

Токму Алексеј Дјумин e човекот на кого Владимир Путин се спрема да му ја отстапи претседателската фотелја, пишува „Дејли Меил”.

download Аналитичарите очекуваат 63-годишниот Владимир Путин да се кандидира на изборите во 2018-та година, но сметаат дека тоа ќе биде неговиот последен мандат. Се претпоставува дека постои можност некаде кон 2020-та година Путин да му го предаде мандатот токму на Дјумин.

Путин веќе  му ја доверил првата задача на Дјумин на долгиот пат кон превземање на власта во Москва – гувернерското место во регионот Тула.

djumin-2 (1)Дјумин инаку е поранешен телохранител на Путин и негов близок пријател, но и голман во хокејарскиот тим на претседателот на Русија.

Дјумин е познат и како човек кој успешно ја водел операцијата за отстранување на симнатиот Виктор Јанукович во Украина, но и како човек што бил заповедник на руските специјалци што ја играле клучната улога во заземањето на Крим. За ова тој од Путин доби медал за храброст, титулата Херој на Русија и беше унапреден во чинот генерал.

Слично

Поврзани вести