Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) Заложничка криза во Франција, убиени две лица

(ФОТО+ВИДЕО) Заложничка криза во Франција, убиени две лица
Вооружен маж, кој е осомничен за вчерашното убиство на полициски службеник, грабнал најмалку 6 заложници, меѓу кои има деца, јавува „Скај њуз“. Во групата има две мртви лица но се уште не е познато дали станува збор за дел од заложниците или пак дали меѓу нив е и напаѓачот. Медиумите јавуваат дека меѓу заложниците има четири деца и една жена. pariz2 Напаѓачот влегол во една бакалница во Порт де Венсен и грабнал пет лица како заложници, јавува „АФП“, а според извештаите на француските медиуми , едно лице е рането. Мажот кој е одговорен за заложничката драма го познавал барем едниот од двајцата напаѓачи што извршија масакар во редакцијата на „Шарли Ебдо“, соопштува француската полиција. Амеди Кулибали (32) во 2010 година бил забележан со осомничените за масакрот за време на полициска истрага за обид за бунт во еден затвор во Франција. pariz3 Кулибали бил осуден поради „својата улога“ и им бил „добро познат“ на француските антитерористички сили, пренесува „АП“. Весникот „Фигаро“ наведува дека напаѓачот бил вооружен и почнал да се заканува, а веднаш потоа на местото пристигнале припадниците на војската и полицијата кои за весникот истакнале дека тој со себе има две автоматски пушки и дека лицето е „многу опасно“ додавајќи дека на офицерите кои му се обратиле тој само им рекол „Вие добро знаете кој сум јас“. [embed]http://www.youtube.com/watch?v=VYlQJbsVs48[/embed]  
Слично

Поврзани вести