Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ЗАГИНАА 142 ЛУЃЕ: По силниот земјотрес тропскиот рај стана пустош

(ФОТО) ЗАГИНАА 142 ЛУЃЕ: По силниот земјотрес тропскиот рај стана пустош

По силниот земјотрес од 6.9 степени тропскиот рај во Индонезија е претворен во пустош. 

Најмалку 142 луѓе загинаа во силниот земјотрес кој вчера го зафати островот Ломбок, во Индонезија, информираше агенцијата за управување со катастрофи.

Во земјотресот се повредени 209 луѓе, уништени се многу домови. 

Повеќе од 10.000 луѓе, меѓу кои и голем број на туристи, евакуирани се од островот Ломбок.

Спасувачите немаат пристап до одредени поединечни загрозени области.

Епицентарот на потресот бил во морето на длабочина од 10 километри, односно 18 километри северозападно од Ломбок. 


Слично

Поврзани вести