Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) За повеќе од три милиони долари Белата куќа преуредена целосно: Сега изгледа вака!

(ФОТО) За повеќе од три милиони долари Белата куќа преуредена целосно: Сега изгледа вака!

После двомесечно реновирање кое чинело повеќе од три милиони долари Белата куќа доби нов изглед.

На влезот во западното крило на службената резиденција на претседателот на САД е поставен знак за добредојде, пренесе СиЕнЕн.

Во овалниот кабинет се поставени нови тапети кои ги избрал лично Трамп, а на плафонот над лустерот е поставена статуа орел во златна боја.

Во Рузвелтовата соба е поставен портрет на Франклин Рузвелт. Вкупно се поставени 6 000 метри нови теписи, а само таа инвестиција чинела повеќе од милион долари.

Целиот мебел е направен во САД, соопштија од Белата куќа. Кога се работи за техничка реконструкција, унапреден е системот на греење, проветрување, клими и ИТ систем.

Реновирањето на Белата куќа почна на 4 август кога Трамп отиде на „работен одмор“.


Слично

Поврзани вести