Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) За ОВОЈ стан во Лондон киријата е 1200 долари месечно!

(ФОТО) За ОВОЈ стан во Лондон киријата е 1200 долари месечно!
Овој оглас е вистински индикатор за состојбата на пазарот на недвижнини во британскиот главен град, Лондон. Овој стан, кој дури и лондонскиот весник „Гардијан“ го нарекува „кутија за чевли“ затоа што едвај е поголем од неа, верувале или не, всушност е многу баран имот. Целиот стан, во кој едвај собира еден кревет, бил издаден за само 16 часа откако бил постиран на вебсајтот за недвижности Rightmove.co.uk. Пристигнале многу телефонски повици и електронски пораки од луѓе кои биле заинтересирани да го изнајмат. Но, она што е уште поневеројатно е цената. Станот во кој спиете веднаш до кујната чини 737 фунти месечно или нешто повеќе од 1.200 американски долари! Дали вреди толку?
Слично

Поврзани вести